Осетно зголемен бројот на странски туристи во 2013.

Bez autora
Feb 12 2014

Бројот на странски туристи кои ја посетиле Македонија во 2013 година бележи зголемување за 13,8 отсто во однос на претходната година, објави во средата државниот завод за статистика. Истовремено намалување бележи бројот на домашни туристи од 3,3 отсто, со што вкупниот број на регистрирани туристи во Македонија во 2013 година бележи пораст од 5,8 отсто. Вкупниот број на ноќевања во периодот јануари- декември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бележи раст од 0,3 отсто, од што кај домашните туристи има намалување за 4,8 отсто, а кај странските има зголемување за 8,6 отсто. Податоците за декември, говорат дека вкупно 33 679 туристи оствариле 69 024 ноќевањата.

Осетно зголемен бројот на странски туристи во 2013.Бројот на странски туристи кои ја посетиле Македонија во 2013 година бележи зголемување за 13,8 отсто во однос на претходната година, објави во средата државниот завод за статистика.

Истовремено намалување бележи бројот на домашни туристи од 3,3 отсто, со што вкупниот број на регистрирани туристи во Македонија во 2013 година бележи пораст од 5,8 отсто.

Вкупниот број на ноќевања во периодот јануари- декември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бележи раст од 0,3 отсто, од што кај домашните туристи има намалување за 4,8 отсто, а кај странските има зголемување за 8,6 отсто.

Податоците за декември, говорат дека вкупно 33 679 туристи оствариле  69 024 ноќевањата.

Бројот на туристите во декември 2013 година ина, е зголемен за 7,3 отсто, а бројот
на ноќевањата е зголемен за 9,1 отсто.

Притоа намалување од 8,5 отсто има кај домашните туристи, додека кај странските бележи пораст од дури 21 отсто.

Најбројни странски туристи во македонија биле од државите од соседството, при што предничат Грците, по што следат државјаните на Бугарија, Србија и Албанија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik